|
|
|
|
|
|
Сушарата
Ларс, формирана во 1985, представуваше пионерски обид во преработувањето и
производството на сушен зеленчук во Република Македонија. Компанијата во
2000 беше целосно приватизирана што овозможи сериозни инвестиции и зафати во
технолошкото и производственото надградување на капацитетот. Денес, Ларс има
инсталиран капацитет за производство на 250 тони финален производ по сезона
и се позиционира како сериозен и доверлив добавувач на сушени производи за
своите домашни, регионални и меѓународни клиенти.
Со
својот модерен производен погон, и сопствено и договорно производство на
земјоделски производи заради обезбедување на суровини, компанијата е
способна да произведува високо квалитетни сушени производи во согласност со
исклучително високите критериуми за безбедност и квалитет на храната.
 |
|
|
|
|
|